Полска Легница не го продолжи договорот со Ердал Ракип

Поранешниот македонски репрезентативец Ердал Ракип ќе има нов клуб, затоа што полска Миеџ Легница не ја искористи опцијата да го продолжи договорот на уште една сезона по крајот на актуелната.

Ракип во својата кариера шест пати ја освојуваше шампионската титула во Шведска и има настапи во Лигата на шампионите, а зад себе има и бронзен медал од Светското првенство за играчи до 17 години.

Пред да потпише за Миеџ Легница, во изминатите три сезони, Ракип беше дел од турскиот Анталијаспор, каде што настапи на вкупно 75 официјални натпревари. Во тој период успеа да се запише и во листата на стрелци, а додаде и две асистенции

Ракип низ кариерата играше уште и за Бенфика и Кристал Палас, а најголемата трага ја остави во шведски Малме. Играчот веќе е со клубот и ги игра пријателските натпревари во Турција.