Положани: На Шкендија не ѝ недостига ништо за да го исфрли Хибернијан!

Фудбалерите на Шкендија ќе се обидат да анулираат гол негатива од гостувањето во Шкотска во третото коло од квалификациите за Конференциската лига против Хибернијан. Пред реванш дуелот на прес-конференцијата се обрати шефот на стручниот штаб Артим Положани.

„Секако дека имавме големо оптоварување во текот на оваа недела, во четвртокот во Европа и потоа игравме дерби на висока температура. Не ми е јасно зошто мораше да биде така и мораше да се игра на тоа сонце. За наша среќа, поминавме добро и се обидовме да сочуваме сила за дуелот со Хибернијан. Треба да победиме и да дојдеме на два натпревари до целта, за вторпат да играме во лигашкиот дел од Конфернциската лига. Ќе биде тежок натпревар, противникот доаѓа од лига во која физичката сила е на прво место. Мислам дека ако не бидеме на 100% и не се бориме за секоја топка, ќе имаме сериозни проблеми. Хибернијан е тим кој тактички и физички д добр подтовен, има брза транзиција. Нормално е дадеме максимум, станува збор за трето коло од КЛ. Имаме свои планови и квалитет во тимот за да одговориме на ваков натпревар. Тука е и искуството имајќи ги в предвид европските настапи низ годините како клуб. На Шкендија не ѝ недостига ништо за да мине понатаму!

Не треба да го анализираме противникот врз основа на климатските услови и да создаваме алиби со температурите или дождот. Ќе биде супер тежок натпревар и мора да преземеме мерки. Анализата се прави врз она што противничкиот тим го покажува на теренот, бидејќи станува збор за професионален тим кој брзо се адаптира. Спецификите на првенството и европските купови се разликуваат, бидејќи првенството е маратон, додека европските купови се натпревари со директна елиминација. Видовме дека ги имаа напаѓачите на клупата, па презедовме мерки, анализирајќи ги и стартерите и играчите кои влегуваат од клупата.

Психолошкиот аспект е исклучително важен, но не треба да ги заборавиме физичкиот, техничкиот и тактичкиот аспект. Не треба да брзаме, туку да бидеме смирени. Ни треба гол за продолженија, но зошто да не го решиме натпреварот и во 90 минути. Ќе ни треба концентрација во секој момент. Не знам како ќе се постави противникот. Не верувам дека ќе се бранат, но презедовме мерки и за такво сценарио. Ќе видиме утре како ќе се постават, а ние имаме план и доколку се бранат и доколку играат со стилот кој го применуваа во овој период“, изјави Положани

Натпреварот меѓу Шкендија и Хибернијан се игра в четврток во терминот од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.