• Горан Упале

Тренерот на Шкендија, Артим Положани, не отпатува со експедицијата во Шкотска поради доцнење во постапката за добивање виза за влез во Обединетото Кралство.
Поради неговото отсуство, официјалната прес-конференција и последниот тренинг пред натпреварот со Хибернијан ги водеше помошникот Куштрим Вока, заедно со останатиот стручен штаб.
Од таборот на тетовскиот клуб информираа дека проблемот со визата е веќе решен и Положани во текот на четврток ќе им се приклучи на своите фудбалери во Единбург.
Така, стратегот ќе биде на клупата на Шкендија и ќе го предводи тимот на важниот прв натпревар против шкотскиот претставник во европските квалификации.

