• Иван Димовски

Фудбалската федерација на Македонија по седницата на Управниот одбор ги промовира промените и го потврди кратењето на ПМФЛ и ВМФЛ. Следната сезона ќе биде последна (барем засега) во која во прволигашкото друштво ќе играат 12, а во второлигашкото 16 екипи.
Од сезоната 2026/27 има воведувањето на плеј-оф на екипите од втората до петтата позиција во борбата за ПМФЛ.
>>> Погледнете како ќе се пополнува ПМФЛ на ОВОЈ линк
Промените во борбата за промоција нема да ја засегнат следната натпреварувачка сезона, ама значително се менува борбата за опстанок. Поради кратењето на лигите дури половина лига или ќе испадне или ќе игра бараж за да опстане. Директно од следната сезона на ВМФЛ ќе испаднат екипите од 12. до 16. позиција, додека во баражот ќе играат деветтиот, десеттиот и единаесеттиот вкрстувајќи со третолигашите.
Дополнителна промена ќе има од сезоната 2026/27, бидејќи оттогаш по три најлоши екипи директно ќе испаѓаат од второлигашката конкуренција наместо како и досега два да играат бараж за опстанок.
Трите испразнети места во второлигашката конкуренција ќе се пополнуваат директно од Третата македонска фудбалска лига со тоа што ќе биде формиран и шести регион од 2026/27. Така третолигашките шампиони ќе вкрстуваат меѓусебе и преку еден натпревар ќе се борат за второлигашки статус.
