• Симеончо Стоиков

Зимава, паузата во шампионатот кај нашиот сверен сосед, тамошните прволигаши во најголем дел ќе ја искористат за подготовки надвор од границите на Србија. Интересно е тоа што скоро половина од тамошните тимови за продолжението на сезоната формата ќе ја темпираат во нашата држава.
Бази на тимовите ќе бидат градот Охрид, како и Стар Дојран. Од српските прволигаши во Македонија ќе се подготвуваат тимовите на Младост Лучани, Јавор Ивањица, Раднички Ниш, Спартак Суботица, Радник Сурдулица и Борац Чачак.
Покрај од Србија, во нашите два града, Охрид и Стар Дојран ќе се подготвуваат и низа тимови од Босна и Херцеговина и Албанија, додека нашите прволигаши воглавно ќе заминат во Турција, во Анталија и Аланија.