Половина Серија А е подготвена да се бори за потписот на Несторовски

Илија Несторовски

Федералниот суд во Италија го казни Палермо поради финансиски нерегуларности во текот на изминатиот период, односно малверзации при продажбата на клубот.

Екипата е исфрлена во Серија Ц што е причина за македонските фудбалери, Илија Несторовски и Александар Трајковски, да размислуваат да си заминат во текот на летниот период.

Голем интерес од Серија А постои за капитенот Несторовски. Џенова на Горан Пандев е голем фаворит за започнување на соработка со 29-годишниот голгетер.

Тука се Парма, Сасуоло и Болоња, а Атланта е последниот тим кој што се поврзува со името на македонскиот репрезентативец. 

На 26 одиграни натпревари оваа сезона, популарниот „Нестогол“ постигна 14 гола. Неговата кариера започна во прилепска Победа, а преку Словачко и Интер Запрешиќ стигна до Апенините, каде настапува од 2016 година.