Половина Милано го мрази, а Интер во него ја гледа замената за Зомер

Италијанскиот првак Интер размислува за иднината на голманската позиција со оглед на тоа што Јан Зомер има 36 години. 

„Скај Италија“ сподели сензационална вест, поврзана со репрезентативецот на Италија, Џанлуиџи Донарума, кој според медиумот е прва мета на Интер. Договорот на Донарума во ПСЖ истекува во 2026 година, а наводно „нераѕурите“ ќе се обидат да го доведат во своите редови. Непознато е колку парижани би барале и колку Интер е подготвен да плати, но самата шпекулација веќе ја подгреа атмосферата во Милано. 

Причината за тоа е јасна, Донарума е дете на Милан, овој клуб му даде шанса како 16-годишник во првиот тим и таму се прослави. Голманот веќе беше прогласен за предавник кога реши да не го продолжи договорот и бесплатно се пресели во ПСЖ, а навивачите во неколку наврати имаа шанса незадоволството да го искажат на „Сан Сиро“.

Ако преминот во Париз беше прогласен за предавство, што може да се очекува доколку Донарума реши да направи трансфер во Интер?

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.