• Горан Упале

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го запиша својот трет настап за Барнли, откако пред две седмици се реши да го напушти Штутгарт и да се пресели на Островот.
Тимот предводен од премиерлигашката легенда Винсент Компани, попладнево имаше убедлива претстава на гостинсти терен кај Виган и за дома се врати со победа од 1-5. Младиот напаѓач од Скопје ги одигра последните триесет минути од натпреварот и имаше една прилика за деби-гол во новиот дрес.
Головите за Барнли ги постигнаа Родригез и Браунхил во првиот дел, додека во продолжение стрелаа уште Теља, повторно Браунхил и Бастиен.
За Чурлинов ова беше трет настап во дресот на Барнли, двапати влегуваше од клупата (Чемпионшип), додека на мечот од Лига Купот со Шрусбери беше стартер.