Полноќна „детонација на бомбата“: Мурињо се најави во Фенербахче (ВИДЕО)

Она што се најавуваше во претходните денови сега доби и официјализација. Се „детонираше бомба“ околу полноќ, а поврзана со турскиот гигант Фенербахче

Нов тренер на тимот од Истанбул ќе биде Жозе Мурињо, а самиот Португалец го потврди тоа. Мурињо беше присутен на финалето на Лигата на шампионите каде што работеше како стручен консултант, а по натпреварот директно од „Вембли“ реши да испрати порака до Турција

„Здраво (Мераба) на сите навивачи на Фенербахче. Се гледаме утре во Истанбул и да ја започнеме нашата заедничка авантура“, изјави Мурињо за клупскиот сајт на турскиот клуб. 

  • Видео-пораката на Мурињо преку профилот на Фенер:

Последниот ангажман на Мурињо беше во Рома, а сега се реши за уште еден многу голем предизвик и ќе работи во Турција. 

Презентацијата на Португалецот во Фенербахче се очекува в недела во 19:00 часот.