Полн стадион во најава: 5.000 билети досега продадени за мечот со Велс

Македонија за две седмици го игра првиот домашен натпревар од квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година против Велс, а добра најава даваат бројките за продадените билети.

Досега, преку новата онлајн-платформа на ФФМ, продадени се 5.000 влезници за мечот, иако до него има уште две седмици, што кај нас е реткост кога се говори за фудбал.

Ова е добра увертира за мечот со Велшаните кој е од голема важност во овој циклус. Македонија многу веројатно ќе игра пред полн стадион.

Мечот меѓу Македонија и Велс се игра на 25 март во Скопје.