ВИДЕО: Полјаците со шлаканица за „аѕурите“, Италија не даде гол од 31 шут

Екипата на Полска приреди изненадување на Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 21 година и со минимални 0-1 (0-1) славеше над големиот фаворит на хартија, селекцијата на Италија.

  • Извештај од натпреварот:

„Аѕурите“ влегоа како ѕвезди во натпреварот и важеа за апсолутен фаворит, но не го најдоа патот до голот на противникот кој доста добро се бранеше. Верувале или не, Италија имаше дури 31 шут кон голот на Полска, но не можеше да постигне погодок и да го најде патот до мрежата.

По многу пропуштени шанси на „аѕурите“, неефикасноста ја казни Кристијан Биелик, кој во 40. минута погоди со волеј, по еден слободен удар и одбиена топка на која тој налета. Ди Биаџо се обиде да направи се до крајот, дури во игра ги внесе Кин, Тонали и Заниоло, но безуспешно.

За Италија ова е прв пораз во рамки на второто коло, а во последното, „аѕурите“ ќе играат со Белгија. Полска, пак, има две победи на два меча и во последниот дуел игра со Шпанија, која има три бода.