• Саше Љолес
Група навивачи на српскиот клуб, Војводина, се уапсени во Амстердам откако носеле маици на кои пишува „сите полицајци се ко*илиња“. Фановите пристигнаа во холандската престолнина да ги бодрат своите миленици во мечот од Лига Европа против Ајакс, но дел од нив нема да можат да присуствуваат на стадионот поради полицискиот притвор во кој се наоѓаат.
Полицијата во Амстердам изјави дека се приведени 14 лица, од кои двајца се малолетни, но поседувале документ за придружба од возрасно лице. Сите се задржани во 24-часовен притвор, по што ќе бидат пуштени на слобода. Најголем дел од приведените учествувале во вандалски акти и во демолирање на едно кафуле.
Ајакс е огромен фаворит во двомечот против Војводина, а почетокот на првиот меч е закажан за 20:30 часот.