Полемиките отстранети: Зошто судиите со ВАР го признаа голот на Рамос? (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид во раната фаза од вториот дел успеа да постигне погодок против Клуб Бриж (1-2), а според првиот впечаток кај љубителите на фудбалот, Серхио Рамос се наоѓаше во офсајд-позиција.

Стоперот реагираше како напаѓач и по еден центаршут погоди со глава, а судиите прво го поништија голот поради наводен офсајд. Но, по консултација со ВАР-собата, истиот е признат и главниот арбитар покажа кон центарот.

  • Голот на Рамос против Клуб Бриж:

Многумина реагираа бурно, ги обвинија арбитрите дека му помагаат на фаворитот, но од ВАР-собата објавија зошто го признаа голот и ги отстранија сите полемики.