Покрај Пандев, уште двајца репрезентативци се повлекоа од селекцијата

Капитенот на фудбалска репрезентација Горан Пандев попладнево го одигра последниот натпревар за македонската репрезентација. Неговото испраќање го обиколи светот, но во сенка на 122-от настап на струмичанецот минаа уште две простувања.

Станува збор за Крсте Велкоски и Иван Тричковски, кои се меѓу највозрасните во оваа селекција, предводена од капитенот. Тричковски постигна и погодок при 0-0, но истиот беше поништен заради недозволена позиција. Крсте Велкоски беше еден од ретките кои не добија шанса на првенството. 

Последен пат на клупата на нашата репрезентација седеше и Игор Ангеловски, кој заминува на 31 јули на крајот од својот договор на шест месеци, кој беше продолжен во јануари годинава

Фудбалската репрезентација на Македонија денес загуби со 3-0 од Холандија и со три порази го заврши континенталниот собир.