• Мартин Танасковски

Селекторот на Шкотска, Себастијан Поконоли, го објави составот за ноемвриските мечеви во Лигата на нациите меѓу кои е и натпреварот со Македонија на домашен терен, а најави дека посакува добар резултат на Островот, како и игра како увертира за квалификациите за Европското првенство.
„Потребен ни е добар резултат за да им дадеме нешто на навивачите и да им ја вратиме самодовербата на играчите преку победите. Тоа е главниот фактор за квалификување на големите натпреварувања. Сакаме само да продолжиме со добрите работи што ги покажавме во Словенија и Македонија во многу краток временски период, да ги задржиме позитивните моменти од тие натпревари и да се обидеме да поправиме одредени ситуации. Сè што сакам сега е максимално да го искористам ова време за што подлабоко да го запознаам мојот состав, да го следам говорот на телото и однесувањето на играчите во одредени ситуации и да соберам што е можно повеќе информации за да ја започнам големата работа, квалификациите за Европското првенство.“, изјави Поконоли.
Натпреварот помеѓу Шкотска и Македонија се игра на 13 ноември. Првиот меѓусебен меч во ЛН кој се одигра во Скопје, го добија Шкотите.









