• Горан Упале

Фудбалската селекција на Шкотска во сабота гостува во Скопје, каде против Македонија ќе го одигра натпреварот од третото коло во новата сезона на Лигата на нации. Селекторот Себастијан Покоњоли зборуваше за очекувањата од натпреварот, атмосферата во тимот и потребата неговата селекција да реагира по поразот од Швајцарија.
Покоњоли нагласи дека Шкотите мора да останат смирени и да покажат подобро издание во однос на последниот натпревар.
„По натпреварот со Словенија имавме добро чувство, а исто така добро чувство имавме и на почетокот од дуелот со Швајцарија. Сега треба само да останеме смирени и да не ги преоптоваруваме работите, а особено фудбалерите.
Сите беа навистина возбудени и со нетрпение очекуваа позитивен исход во вторникот, но тоа за жал не се случи. Сега треба повторно да се обидеме и да одиграме добар натпревар во сите 90 минути, без никакви големи осцилации во играта. Мораме да заминеме во Македонија и да тргнеме од нула, со цел да покажеме нешто многу подобро од она против Швајцарија.
Мислам дека мора да победиме доколку сакаме да напредуваме на ранг-листата. Не очекува тешко гостување, но доколку успееме да ги споиме добрата игра и посакуваниот резултат, ќе бидам задоволен“, рече новиот селектор на шкотскиот тим.
Шкотска за разлика од Македонија има еден бод на своето конто, освоен на дуелот со Словенија во првото коло.






