• Горан Упале

Селекторот на Шкотска, Себастијан Покоњоли, беше задоволен од изданието на својата репрезентација по победата над Македонија со 0-2 во Скопје, во рамките на Лигата на нации.
Белгискиот стратег посебно го истакна фактот што неговиот тим успеа да ја сочува мрежата незатресена, но и тоа што одговори на вистински начин по поразот од Швајцарија.
„Задоволен од победата и од тоа што не примивме гол во Скопје. Имавме добри моменти, кои ни беа потребни по поразот од Швајцарија. Одигравме добро и си ја олеснивме работата. Македонија има добар квалитет и ако не почнете со вистински пристап, може да наидете на замки. Но, ние одигравме како што се договоривме, освоивме три бода, доминиравме и задоволни сме“, рече Покоњоли.
Со триумфот во Скопје, Шкотска ја забележа првата победа, откако претходно загуби од Швајцарија и ремизираше со Словенија.






