ВИДЕО: „Покер“ на Волфсбург против немоќниот Мајнц

Фудбалерите на Волфсбург го прегазија Мајнц 05 и со високи 4-0 го испратија од „Волксваген Арена“, во средбата од 23. коло од германската Бундеслига. Домаќинот имаше апсолутна доминација во играта и шансита, што резултираше со четири гола во мрежата на Зентнер.

  • Извештај од натпреварот:

Јосип Брекало го отвори резултатот и донесе предност за својот тим во 21. минута. Младиот Хрват доби топка од Вегхорст и од преку 20 метри ефектно го погоди горниот десен агол за 1-0. Иницијативата и покрај предноста продолжни, а резултираше со втора реализација на Ренато Стефен во 45. минута, кој имаше лесна задача по лошата реакција на голманот и одбраната.

Точка на натпреварот и недостижни 3-0 постави Гердхардт непосредно по стартот на второто полувреме, кога доби топка како сервирана од Гинчек и само ја втурна во мрежата. 

Швајцарецот Стефен уште еднаш се запиша меѓу стрелците, кога направи дар-мар низ одбраната на Мајнц и откосо го погоди голот на Зентнер, за конечни 4-0 во 68. минута. 

Екипата на Мајнц 05 се обиде да дојде до почесен погодок, но Онисиво не го круниса со гол одличниот продор низ одбраната и измами атрактивна интервенција од Кастелс.

Со денешниот триумф Волфсбург има 34 бодови, само два помалку од Шалке кој се наоѓа на последното место кое носи пласман во Евро-куповите идната сезона.