„Покер“ на Бензема, Реал со шест гола против Хетафе во генералката

Шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид одлично се подготви за стартот на новата сезона во Примера и постигна шест гола (6-0) во победата над Хетафе.

„Кралевите“ иако играа во комбиниран состав, сепак, запишаа убедлива победа над противникот. Шесте гола се одлична увертира за првиот натпревар во домашното првенство против Реал Сосиедад.

Овој дуел се играше зад затворени врати, а четири од шесте гола беа дело на Карим Бензема. Во листата на стрелците се запишаа уште Серхио Рамос и младинецот Арибас.

Сите голови паднаа во првото полувреме, кога на теренот беа Куртоа, Карвахал, Милитао, Рамос, Марсело, Модриќ, Касемиро, Арибас, Марвин, Бензема и Винициус. Во второто полувреме играше цел различен тим - Лунин, Одриозола, Начо, Варан, Менди, Феде, Бланко, Крос, Родриго, Мајорал и Гутиерез, ама ниту еден од нив не успеа да се запише во листата на стрелците.

Дебито во Примера во новата сезона Реал Мадрид ќе го има за пет дена, на гостински терен кај Реал Сосиедад.