„Покажавме мадиња и желба да го надиграме Реал во европско финале!“

Gol.mk на Супер Куп 2018

Екипата на Атлетико Мадрид во европскиот Суперкуп го совлада градскиот ривал и европски првак Реал Мадрид, а еден од подобрите играчи на „јорганџиите“, Диего Коста, по мечот даде интересна изјава.

Шпанскиот репрезентативец, кој воедно беше и двоен стрелец во финалето, потенцира дека тој и неговите соиграчи имале голема желба да го совладаат Реал Мадрид во едно европско финале и покажале мадиња на теренот.

„Одигравме меч со голема желба и покажавме мадиња. А, со такво однесување може да го победиме секој тим. Овој триумф го сакавме долго, затоа што сакавме да го надиграме Реал Мадрид во едно европско финале. Имаме големи амбиции и со напорна работа и труд може да ги оствариме“, изјави Коста.

Реал Мадрид во претходните две европски финалиња беше подобар од Атлетико Мадрид, па ова е прв триумф за тимот на Диего Симеоне во борбата за пехар со „кралевите“.