• Мартин Танасковски

Ретки се играчите кои покажуваат верност на клубовите кои им се при срцето, а еден од нив е Андреас Улмер, 37-годишниот австриски фудбалер кој е капитен на Салцбург.
Иако е веќе во години, не размислува за пензија. Улмер и Салцбург ќе потпишат нов договор и ќе ја продолжат соработката. Договорот е на две години, така што тој ќе продолжи да биде капитен на екипата и понатаму.
Колку за илустрација за верноста на Улмер, тој е капитен на австрискиот гигант цели 14 години. Љубовта меѓу Салцбург и Улмер продолжува до 2025 година, а пред Салцбург, кратко го носеше и дресот на Риед.
Во актуелната сезона Улмер одигра 25 натпревари за Салцбург во австриската лига и Конференциската лига на УЕФА.