• Зоран Мишевски

Промашениот пенал во полуфиналето на Европското првенство во 1996 година беше кошмар кој го прогонуваше Герет Саутгејт низ цела негова кариера. Вечерва три промашени пенали, и тоа на најмладите фудбалери, ја „жигосаа“ Англија во финалето на Европското првенство против Италија на „Вембли“.
Саутгејт во 119. минута ги внесе Рашфорд и Санчо само за да шутираат пенали, а токму тие, плус уште младиот Сака не реализираа и Италија го однесе пехарот за Рим. Зошто Саутгејт се одлучи за најмладите, а не за пеналџиите во своите клубови како Грилиш и Стерлинг останува голема дилема. Изгледаше дека фудбалерите на Саутгект се подготвени и тренирале пенали, но Донарума не мислеше така.
- Пенал-серијата во финалето на Европското првенство:
Кариерата на Герет Саутгејт ќе остане запаметена по промашените пенали, а многумина и вечерва му ја припишуваат вината за поразот од Италијанците. Сепак, Англија под Саутгејт направи голем исчекор и на последните две големи натпреварувања ги освои четвртото и второто место.