Погледнете ја табелата на најлудата лига во Европа: Чудо кое носи драматичен финиш!

Во 21. век ретко кога фудбалско првенство понудило ваква неизвесност како што тоа го прави Екстракласа оваа сезона. На пет кола до крајот, борбата е целосно отворена, без јасен шампион, без сигурни патници во европските натпреварувања и дури без гарантиран опстанок за голем дел од екипите.

На врвот моментално се наоѓа Лех Познањ со три бода предност во однос на Јагелонија и Горник Забже, додека четвртопласираната Висла Плоцк заостанува четири бода. Ист број бодови има и Заглебје, што дополнително ја комплицира трката за титулата. Теоретски, во игра за шампионската круна се и Раков и Катовице, што е редок случај во европски рамки, дури седум екипи сè уште имаат реални шанси за првото место.

Она што ја прави ситуацијата уште поинтересна е фактот што во оваа лига практично не постои „сигурна зона“. Осмопласираниот Мотор Лублин со 39 бодови е само пет бода над зоната за испаѓање, каде се наоѓа Арка Гдиња. Дополнително, дури пет екипи од 10. до 14. позиција имаат идентичен број бодови, што најавува драматична борба до последното коло.

Според актуелните пресметки, границата за опстанок оваа сезона ќе биде над 40 бодови, највисока досега од реформата на лигата во 2021 година. Тоа само потврдува дека оваа сезона во Полска ќе остане запаметена како една од најнепредвидливите и највозбудливите во модерниот фудбал.