Погба: Тешко ми е, играњето за Франција е „вдишување“ чист воздух

Пол Погба има огромни проблеми последниов период и игра далеку под можностите за Манчестер Јунајтед. Покрај тоа, врз него има огромен притисок од фановите, па и тоа има удел во „грчевитите“ партии. 

Фудбалерот настапува и за репрезентацијата на Франција, а за време на репрезентативниот собир даде кратка изјава, во која лежи огромно признание. 

„Не паметам дека некогаш ми било вака тешко во кариерата. Доаѓањето да играм за репрезетацијата е „вдишување“ на чист воздух, магично е“, алудираше Погба на лошата ситуација која ја има во Јунајтед. 

Долго се шпекулира дека Погба ќе замине од „Олд Трафорд“, ама на крајот од секој претходен трансфер период, тој останува во Манчестер. Заинтересирани екипи за неговиот потпис има многу, ама лошите партии во последно време очигледно ги демотивираат потенцијалните купувачи.