ВИДЕО: Погба со ВОНСЕРИСКИ гол го врати Јунајтед на врвот во ПЛ!

Екипата на Манчестер Јунајтед се врати на врвот во Премиер лигага! Избраниците на Оле Гунар Солскјер славеа на гости кај Фулам (1-2) и го пресоконаа градскиот ривал Манчестер Сити кој привремено беше првопласиран во англиската елита.

  • Извештај од натпреварот:

„Ѓаволите“ до посакуваната победа дојдоа со пресврт, откако први примија гол. Човекот кој ги донесе значајните три бода беше францускиот фудбалер Пол Погба, кој постигна нов вонсериски гол за триумф во премиерлигашкото друштво.

Играчот на „ѓаволите“ доби топка откосо во 65. минута и со моќен удар ја скина мрежата на Фулам. Претходно, тимот од Лондон имаше предност благодарение на голот на Лукман во 5. минута, а изедначи Единсон Кавани во 21. минута.

За Манчестер Јунајтед ова беше дванаесетта победа во англиската елита. Тимот има 40 бода, два повеќе од второпласираниот Манчестер Сити и третопласираниот Лестер Сити. Шампионот Ливерпул е четврти, со 34 бода.