Погба со провокација до Мурињо: Оле никогаш не би одел против своите играчи...

Погба Мурињо

Јавна тајна е дека Пол Погба имаше големи проблеми со Жозе Мурињо, додека двајцата соработуваа во Манчестер Јунајтед. Долго време Французинот не беше опција за својот тренер, кој не му даваше шанса и не му даваше никакво објаснување за тоа.

Неколку години подоцна, играчот за врска на „црвените ѓаволи“ зборуваше за односот со Португалецот и направи споредба со Оле Гунар Солскјер.

„Она што го имам со Оле е поинакво. Тој никогаш не би одел против своите играчи. Еднаш имав одличен однос со Мурињо, а потоа не знам што се случи. Дури и јас не можам да ти објаснам и тоа ми е чудно“ , вели францускиот репрезентативец.

Погба и Мурињо освоија титули во Лига Купот и Лига Европа во првата заедничка сезона во клубот од „Олд Трафорд“. 

Неодамна Јунајтед победи на теренот на Тотенхем и му нанесе нов голем удар на својот поранешен стратег.