ВИДЕО: Погба со мала мајсторија го направи Јунајтед лидер во ПЛ!

Англија има нов лидер, во Манчестер Јунајтед, кој славеше на гостувањето кај Барнли (0-1) и го презеде врвот од шампионот Ливерпул во англиската елита.

  • Барнли - Манчестер Јунајтед 0-1:

„Ѓаволите“ на Солскјер дојдоа до трите бода иако патот до нив беше доста тежок и успеаја да го прескокнат најголемиот ривал во англискиот фудбал. Сега Манчестер Јунајтед има три бода повеќе во однос на Ливерпул, а двата тима имаат ист број на натпревари.

Што се однесува до натпреварот на „Тарф Мур“, Манчестер Јунајтед имаше потполна контрола, ама немаше завршница. Одбранбениот бедем на домашните успеа да го скрши Пол Погба, кој во 71. минута по асистенција на Рашфорд постигна мајсторски погодок.

Во 89. минута домаќините бараа пенал, судиите ја прегледаа ситуацијата со помош на ВАР-технологијата, но се оцени дека нема прекршок за најстрога санкција.

Значајна победа во Премиер лигата забележа и Евертон, на гости кај Вулверхемптон (1-2). Тимот на Карло Анчелоти и без повредениот Калверт-Луин ги скроти „волците“, а за тоа виновни беа Ивоби и Кин. Единствениот гол за домашните го даде Невес.