ВИДЕО: Погба со магичен дриблинг го посрамоти Грилиш пред очите на Солскјер

Екипата на Манчестер Јунајтед продолжи со одличните игри оваа година и ја продолжи серијата од 17 натпревари без пораз во сите натпреварувања. 

„Црвените ѓаволи“ од натпревар во натпревар играат сè поквалитетно, но и поатрактивно. Доказ за тоа е синоќешната победа на гости кај Астон Вила со сигурни 0-3. Фернандез и Гринвуд погодија во првиот дел, додека деби-гол оваа сезона постигна Пол Погба, кој игра во фантастична форма по враќањето од незгодната повреда. 

Францускиот ас тоа го докажа и на почетокот на вториот дел, кога со серија магични дриблинзи го посрамоти капитенот на Вила, Џек Грилиш и тоа пред очите на Оле Гунер Солскјер, кој е силно заинтересиран да го одведе на „Олд Трафорд“ ова лето.

  • Дриблингот на Погба против Грилиш:

Со оваа победа Манчестер Јунајтед ја продолжува битката за местата кои идната сезона водат во Лигата на шампионите и сега заостанува само еден бод во однос на четвртопласираниот Лестер Сити.