Погба нема повеќе да игра за Франција, поради коментар на Макрон се чувствува навреден!?

Иако има само 27 години и сигурно уште долго време може да ја се бори во репрезентативниот дрес, Пол Погба одлучил повеќе да не го носи дресот на Франција, пренесуваат бројни британски и француски медиуми.

Првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед оваа одлука ја донел по зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон упатени кон муслиманите, во својот говор пред неколку дена.

„Единството и цврстината се единствениот одговори на монструозниот исламски тероризам“, рече Макрон, кој додаде дека исламот е во голема криза.

Овие зборови, наводно, ги навредиле Погба и муслиманите во Франција каде исламот е втора по бројност религија, по христијанството.

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед дресот на „триколорите“ го носи од 2013 година, а беше член на тимот кој стана светски шампион во Русија во 2018 година.

Погба е познат како религиозен тип и честопати јавно ги изразува своите религиозни убедувања. Дали навистина се откажал од репрезентацијата, ќе се дознае на ноемврискиот прозорец.