Погба: Колку и да не го сакам тоа, Ливерпул ја заслужува титулата во Премиер лигата

Екипата на Ливерпул синоќа запиша уште една голема победа во Премиер лигата, откако преку пресврт славеше на дербито со Вест Хем Јунајтед со резултат 3-2. 

Со овој успех, „црвените“ на Јирген Клоп останаа без пораз во англискиот шампионат и за многумина веќе се новите шампион на Премиер лигата. Тоа мислење на еден начин го дели и првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, кој за „ЕСПН“ истакна дека иако како член на „ѓаволите“ не го сака тоа, Ливерпул заслужува да се радува на премиерлигашкиот трофеј. 

„Се разбира како член на Манчестер Јунајтед не сакам Ливерпул да ја освои шампионската титула, затоа што сме големи ривали. Но, како професионалец и љубител на фудбалот не можам да кажам ниту еден лош збор за Ливерпул. Играат фантастично оваа сезона и ја заслужуваат оваа титула“, рече Французинот. 

Погба по подолго време заради повреда, пред три дена се врати во тренинг центарот на Јунајтед и се очекува наскоро повторно да го видеме во стартниот состав на Оле Гунер Солскјер.