Погба: Играњето во Реал Мадрид под водство на Зидан е сон за секој фудбалер

Пол Погба

Додека Жозе Мурињо беше на чело на Манчестер Јунајтед, иднината на Пол Погба на „Олд Трафорд“ беше под знак прашалник.

И по заминувањето на португалскиот тренер, со кого Французинот имаше лоши односи, се шпекулира дека тој ќе си замине и ќе ја продолжи кариерата на друго место. Потврда дека има вистина во овие информации е неговата последна изјава во која вели:

„Како што реков и порано, играњето во Реал Мадрид е сон за секој фудбалер. Тоа е еден од најголемите клубови во светот.

Таму е Зинедин Зидан што дополнително ја зголемува желбата за секој што го сака фудбалот. Засега сум во Манчестер и не знам што носи иднината“ , беа зборовите на најскапото засилување во историјата на „црвените ѓаволи“.

  • Изјавата на Пол Погба на прес-конференција:

26-годишникот беше желба на „кралевите“ во минатото, а сега нивниот фокус е насочен кон ѕвезди како Еден Азар, Килиан Мбапе, Хари Кејн...

Погба моментално е со француската репрезентација за која ќе настапи во квалификациските мечеви за Европското првенство 2020 година против Исланд и Молдавија.