Погба го коментираше доаѓањето на Роналдо во Манчестер Јунајтед

Иако имаше шпекулации дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ ова лето, Пол Погба остана да ги брани боите на Манчестер Јунајтед и во новата сезона за соиграч ќе го има еден од најдобрите Кристијано Роналдо.

Французинот кому договорот со „ѓаволите“ му истекува следното лето го коментираше доаѓањето на Португалецот во Манчестер.

„Секогаш е задоволство да се игра со најдобрите. Ова е засилување за тимот, сигурен сум дека нивото на играта ќе биде далеку подобро. Сакаме сè да биде што е можно подобро“, изјави Погба.

Роналдо за Јунајтед треба да дебитира следниот викенд против Њукасл, натпревар кој ќе се игра на „Олд Трафорд“.