Погба со демант: Не се повлекува од Франција поради став на Макрон за исламот

Францускиот репрезентативец Пол Погба ги демантира написите кои експресно се проширија низ медиумите дека ќе се повлече од репрезентацијата.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го кажа својот став за исламот, а медиумите напишаа дека на Погба тој не му се допаднал и дека во иднина нема да игра за „триколорите“.

„Лажна вест!“, напиша Погба на социјалната мрежа „Инстаграм“ и објави фотографија од написот.

27-годишниот Погба игра за Франција од 2013 година, а има 72 настапи и 10 постигнати гола. Со националниот тим тој стана светски првак во 2018 година.