• Зоран Мишевски
Касата е празна, заминаа скоро сиге фудбалери со вредност, но Севиља се обидува да состави компетивен тим. Седумкратниот освојувач на Лига Европа брзо пронајде до замена за Јусеф Ен-Незири, кој потпиша за Фенербахче.
Клубот од Андалузија ја се пофали дека успеал да го обезбеди потписот на поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Лестер Ситу, Келечи Ихеаначо. Црномурестиот играч последните седум сезони ги одигра во дресот на англискиот, Лестер. За „лисиците“ има дадено 61 гол и направено 34 асистенции.
27-годишниот интернационалец од Нигерија има 55 натпревари и 15 гола за својот национален тим.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.