ВИДЕО: Подвиг на Барнли, тимот на Чурлинов и Компани елиминира премиерлигаш во ФА Купот!

Единствениот Македонец во Англија, репрезентативецот Дарко Чурлинов, и неговиот Барнли се топ-тема на стартот на третата рунда од ФА Купот. Членот на Чемпионшип го елиминира премиерлигашот Бирнмут и се пласира меѓу 32 најдобри екипи во најстарото клупско натпреварување во светот.

Екипата на Винсент Комапнија славеше на гостински терен со 2-4, најавувајќи плодна година. Чурлинов влезе во игра во 81. минута на местото на двојниот стрелец Зарури.

  • Борнмут - Барнли 2-4: 

Нотингем Форест е вториот премиерлигаш кој е елиминиран од тим од пониска категорија. „Шумарите“ се поразени со 4-1 на гостувањето против Блекпул.

  • Блекпул - Нотингем Форест 4-1: 

Фулам, благодание на Курзава и Џејмс извојува победа на теренот на Хал Сити (0-2).

  • Хал Сити - Фулам 0-2: 

Вечерва се игра дуелот меѓу Ливерпул и Вулверхемптон, а утре највозбудлив е натпреварот Манчестер Сити - Челзи.