„Подобро е да загубиш со 5-1, отколку да играш арогантно како Хендерсон“

Фудбалерите на Црна Гора тешко го прифатија високиот пораз од Англија во второто квалификациско коло за Европското првенство 2020 година. 

Во Подгорица, со убедливи 1-5, Црногорците беа посрамотени пред своите фанови, а еден од најискусните Стефан Савиќ по мечот беше видно револтиран, не заради болниот пораз, туку поради однесувањето на англискиот репрезентативец Џордан Хендерсон.

„Сите знаеме дека се многу поквалитетни од нас, но понекогаш се чувствувам многу нервозно бидејќи играм ист спорт како и некои други. На пример Џордан Хендерсон, кој саркастично на еден мој соиграч по еден дуел му рече „ќе ти го дадам дресот“. Тоа не е фер, не е професионално. Веднаш реагирав и му реков да не се однесува така. Подобро е да загубиш со 1-5, отколку да играш така арогантно како него“, рече поранешниот фудбалер на Манчестер Сити

Дуелот во Подгорица покрај убедливата победа на Англија беше одбележан и по недоличното однесување на домашните фанови, кои на расна основа навредувале неколку англиски репрезентативци. 

>>>ПОВРЗАНО - Стерлинг: Не еден или двајца - сите навивачи на Црна Гора заслужуваат казна!

Европско првенство, Квалификации, Група A
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 АнглијаАнглија 2 2 0 0 10:1 9 6
2 ЧешкаЧешка 3 2 0 1 5:6 -1 6
3 КосовоКосово 3 1 2 0 5:4 1 5
4 БугаријаБугарија 4 0 2 2 5:7 -2 2
5 Црна ГораЦрна Гора 4 0 2 2 3:10 -7 2