ВИДЕО: Подобар и од Меси - Барди го има најдобриот слободен удар за сезоната 2018/19

Македонскиот интернационалец Енис Барди од пред две сезони ги брани боите на Леванте.

Адаптацијата на шпанскиот фудбал не беше голем проблем за играчот за врска кој во неколку наврати досега ги одушевил фановите на Пиринеите со своите голови од слободен удар.

Последниот во изминатата сезона заврши на првата позиција и доби најмногу гласови од навивачите. Репрезентативецот на Македонија заврши пред Рубен Алкараз од Ваљадолид и Лионел Меси од Барселона.

Погледнете ја листата најубави голови од слободни удари за сезоната 2018/19: