• Зоран Мишевски
Интересот за женскиот фудбал рапидно порасна, па Европското првенство летово во Швајцарија беше најдобар показател за тоа. Европската фудбалска унија (УЕФА) потврди дека ги добила последните четири кандидатури пред крајниот рок на 28 август, за организација за следниот Европски шампионат за фудбалерки.
Данска и Шведска поднесоа заедничка кандидатура, додека Германија, Полска и Португалија поднесоа свои кандидатури. Италија потврди дека ја повлекла својата кандидатура. Домаќинот на Европското првенство за жени во 2029 година ќе биде објавен на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Нион на 3 декември.
Бранител на титулата е Англија која ова лето триумфираше на завршниот турнир во Швајцарија во јули годинава.