ВИДЕО: Подмладената Србија одигра реми со Јамајка на тест во Јапонија

Фудбалската селекција на Србија одигра реми против Јамајка (1-1), во пријателска средба која се одигра утрово во Јапонија. Србите ќе настапат на пријателелскиот Кирин Куп, а селекторот Драган Стојковиќ - Пикси ги користи овие тестови за да им даде шанса на младите и дебитантите. 

Така, Србија играше без ѕвездите, против Јамајка настапија дури девет дебитанти од кои седуммина во првиот тим и тоа: Николиќ, Терзиќ, Честиќ, Илиќ, Гавриќ, Јовелиќ и Јовиќ. 

  • Головите од натпреварот: 

Селекцијата на Јамајка прва поведе во натпреварот, откако голманот Николиќ испушти топка, тоа го казни Андре Греј од Вотфорд за 0-1 во 29. минута. Клучната замена за Србите беше влезот на Страхиња Павловиќ, кој внесе сигурност во целиот тим, особено во одбраната. Покрај тоа, стоперот беше стрелец на израмнувачкиот погодок во 61. минута за конечните 1-1. 

Србија на овој мини-турнир ќе одигра уште еден тест, на 11 јуни против домаќинот Јапонија од 12:25 часот.