Подгответе се за промената: ЛШ 2023/24 ќе биде последна каква што ја знаеме...

Лигата на шампионите која ја знаеме и ја гледаме заминува во историјата од сезоната 2024/25 и ќе има нов формат кој УЕФА го изгласа и го потврди пред извесен период. Објавена е и шемата како ќе изгледа новата сезона, која ќе се игра според таканаречен „швајцарски систем“.

Новата Лига на шампиони ќе брои 36 клуба и ќе има една група, а „швајцарскиот систем“ гласи дека секој од 36-те клубови ќе има загарантирани осум натпревари против различни ривали, а групната фаза ќе биде елиминациска. Од тие осум, четири ќе бидат домашни, а четири гостински средби. Сите натпревари ќе се играат во текот на седмицата (со исклучок на финалето) за да нема турбуленции во календарот на домашните натпреварувања.

Екипите по одигрувањето на осумте средби ќе бидат рангирани од 1. до 36. место, осумте најдобри одат во осминафинале, додека уште осум учесника ќе се бараат меѓу екипите од 9. до 24. место. Останатите под 24-тото место ќе доживеат елиминација.

Од тие 36 учесници во Лигата на шампионите од сезоната 2024/25, ќе имаме еден тим повеќе од петтата земја на УЕФА листата (во моментов за него борба водат Франција или Португалија). Дополнително едно место ќе се добие и меѓу „шампионскиот пат“ од квалификациите од каде сега играат четири, а по имплементирањето на новите правила ќе се добиваат пет екипи.

Уште две додатни места во Лигата на шампионите ќе добијат клубовите кои немаат обезбедено место во елитата таа сезона, а играле во претходната и се со најдобар коефициент, додека уште едно екстра место добива петтата лига според ранкингот.