• Горан Упале
Серија А речиси сигурно ќе има шест претставници во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25! Откако Аталанта ја освои Лига Европа, му овозможи на уште еден италијански клуб да стане дел од елитата, а тоа веројатно ќе биде Рома.
Сепак, за тоа треба да се потврдат некои „формалности“ во последното коло. Прво и основно, Аталанта треба да остане на петтата позиција на табелата, на која е моментално со 66 бодови, два помалку од Јувентус и Болоња.
Зад Аталанта е Рома, која во Лигата на шампионите ќе патува доколку освои бод во последното коло, а Аталанта не ги прескокне Јувентус и Болоња на табелата. Во последното коло фудбалерите на Аталанта го пречекуваат Торино, се очекува забава и славје пред навивачите, бидејќи синоќа го освоија првиот европски трофеј во историјата. По тој натпревар новиот освојувач на Лига Европа треба да одигра заостанат натпревар со Фиорентина, екипа која што веќе обезбеди учество во Конференциската лига.
Значи, сè што треба Италијанците да имаат шест тима во Лигата на шампионите, односно Рома исто така да се пласира во елитата, е сè да остане како што е сега на табелата.