Почнува турската Суперлига, Алиоски и Гуџуфи во борбата на големата четворка

Езџан Алиоски со Фенербахче и Бесар Гуџуфи со Бешикташ директно ќе се борат за титулата во турската Суперлига, кој официјално почна викендов. Четири големи турски клуба се кандидати за тронот на кој седи Трабзонспор. Не смее да се потцени и Истанбул Башакшекир, засилен со Озил, но сепак ќе биде сензација ако некој од големата четворка не го освои пехарот.

Трабзонспор делува многу хомогено, Гататасарај најзасилено, а Фенер најжелен да се поправи по катастрофалната сезона. Еуфорија во Турција донесоа трансферите на Вегхорст, Мертенс, Тореира, Оливеира, Жоао Педро, Трезеге... Нови тренери добија скоро сите гиганти: Жорж Жесус (Фенербахче), Окан Бурук (Галатасарај), Валериан Исмаил (Бешикташ)

Галатасарај
Дојдоа: Фредрик Митсјо (АЗ Алкмар), Дрис Мертенс (Наполи), Лукас Тореира (Арсенал), Лео Дубуа (Лион), Харис Сеферовиќ (Бенфика), Серхио Оливеира (Порто), Казимкан Каратес (Алпај)

Заминаа: Мостафа Мохамед (Нант), Маркао (Севиља), Рајан Бабел (Ејупспор), Мбаје Диање (Фарух Карагумрук), Селман Дибек (Трабзонспор), Ајтак Кара (Кашимпаша)

Фенербахче
Дојдоа: Езџан Алиоски (Ал-Ахли), Ирфан Чан Егрибајет (Гезтепе), Густаво Енрике (Фламенго), Луан Перес (Олимпик Марсеј), Жоао Педро (Каљари), Џошуа Кинг (Вотфорд), Емре Мор (Фатих Карагурмук)

Заминаа: Мин-Јае Ким (Наполи), Ламине Диак (Анкарагуку), Луис Густаво (Ал-Наср), Месут Озил (Истанбул Башакшекир), Арда Куртулан (Аданаспор)

Бешикташ
Дојдоа: Артур Масуаку (Вест Хем), Џексон Мулека (Стандард), Воут Вегхорст (Барнли), Ченк Тосун (Евертон), Ромеин Саис (Волвс), Џедсон Фернандез (Бенфика), Валентин Розие (Спортинг)

Заминаа: Ридван Јилмаз (Ренџерс), Алекс Тешеира (Васко Де Гама), Кајл Ларин (Бриж), Домагој Вида (АЕК), Гувен Јалчин (Џенова), Адем Љајиќ

Трабзонспор
Дојдоа: Трезеге (Астон Вила), Догучан Хасполат (Кашимпаша), Јенс Стригер Ларсен (Удинезе), Стефано Денсвил (Болоња)

Заминаа: Енис Дестан (Познањ), Јунус Мали (Кашимпаша), Жервињо (Арис), Фузени Диабате (Партизан)

Oд македонските адути во Суперлигата. Лука Станковски игра во Газиантеп, Јован Манев и Арда Куртулан за Адана Демиспор, додека пак Валон Етеми го носи дресот на Истанбулспор.

Адис Јаховиќ ќе игра во вториот по ранг шампионат на Турција, откако се согласи да го засили Бодрумспор. Во турската лига од нашите репрезенти ќе играат уште тројца играчи, тоа се Јован Манев кој од Брегалница се пресели во Адана Демирспор, како и Арда Окан Курталан кој од Фенербахче исто така замина во овој клуб. Лука Станковски исто така е член на Газијантеп.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.