• Саше Љолес
Виктор Ѓокереш прикажува извонредни игри во дресот на Спортинг од Лисабон и сосема заслужено го привлече вниманието од големите европски клубови кои сакаат да го доведат во своите редови.
Иако деновиве се поврзуваше со трансфер во Барселона следното лето, сепак, италијанските медиуми објавија дека Швеѓанецот веќе се договорил со управата на Јувентус и ќе се пресели во Италија уште во текот на јануарскиот преоден рок! Засега останува непозната само висината на отштетата која Јуве ќе му ја исплати на португалскиот клуб, но се претпоставува дека таа нема да биде пониска од 45 милиони евра.
Ѓокереш игра во фантастична форма и сезонава досега постигна 23 гола во сите конкуренции, со кои стигна до бројката од 57 погодоци за португалскиот гигант. Токму во Спортинг блесна во сиот сјај, а претходно насташуваше за Ковентри, Свонси, Сент Паули, Брајтон и Бромапојкарна од Шведска.
Од Спортинг замина и досегашниот тренер Рубен Аморим, кој се пресели во Манчестер Јунајтед, а португалските медуми пишуваат дека полека започнува „распадот“ на шампионскиот тим кој ги „мелеше“ противниците во изминатите две сезони.