• Зоран Мишевски
Холандскиот фудбал ги отвори вратите oд новата сезона минатата недела со натпреварот од Суперкупот помеѓу шампионот ПСВ Ајндховен и победникот на Купот, Феенорд. Беше спектакуларно, бидејќи видовме неколку пресврти и триумф на тимот од Ротердам по изведување пенали. Во регуларниот дел од натпреварот заврши 4-4, а сето тоа претставува совршена увертира за она што следи сезонава.
Шампионот ПСВ Ајднховен и оваа година е прв фаворит, бидејќи го задржа костурот на тимот, а во клубот остана и тренерот Петер Бош. Доминантно ја освоија титулата во претходната сезона и на половина пат уништија сè пред себе. Тие направија значајни трансфери во форма на останувањето на Сержињо Дест, чиј договор клубот го откупи од Барселона, со тоа што Американецот е повреден и нема да биде во тимот до крајот на годината. Доаѓањето на Малик Тилман од Баерн за 12 милиони евра се издвојува од сите останати трансфери. Некој од кого ПСВ Ајндховен би можел да заработи барем двојно повеќе следното лето доколку се развива во вистинската насока.
Кога станува збор за Феенорд, кој ќе биде прв ривал на ПСВ Ајндховен за титулата, клубот претрпе сериозни „удари“ во вид на заминувањето на првиот тренер Арне Слот, кој беше промовиран за наследник на Јирген Клоп во Ливерпул. Тоа секако е клучно за понатамошниот развој на тимот од „Де Кујп“ и пред Брајан Приски не е лесна задача да се одржи нивото од претходните сезони. За нив е важно што најдобриот стрелец на тимот, Сантијаго Хименез, сè уште не го напуштил Ротердам, а се чини дека нема ни да го напушти летово. Тука засега е и Игор Паишао, исто како и Квинтен Тимбер и Лушарел Гертруида. На овие позиции Феенорд делува поконкурентен од ПСВ Ајндховен, но Питер Бош има квалитетна структура во сите линии. Некој од шампионскиот Фејернод мораше да замине, па засега најболна е продажбата на Матс Вајфер. Сепак, не боли толку многу кога знаат дека добиле 30 милиони евра за овој дефанзивен играч за врска, чија кариера продолжува во Брајтон. Момчето според начинот на игра го споредуваат со Родри, а ниту еден фудбалер во последната сезона од Лигата на шампионите не му ја одзеде топката на ривал повеќе пати од Матс Вајфер (50).
Третиот кандидат секако е Ајакс, кој бара свои опции да се најде на највисокото скалило на шампионскиот подиум. Франческо Фариоли пристигна во Амстердам и ја извршува својата мисија да ги врати „копјаниците“ на врвот и тоа по сезона за заборав. Клубот се обидува да го расчисти ростерот на Свен Мислинтат и неговите играчки комбинации, па Ајакс во моментов нема квалитетен состав. Стивен Бергвајн сигурно ќе го напушти клубот, но Џордан Хендерсон и Брајан Броби остануваат. Неизвесна е иднината на Стивен Бергхуис, Јосип Шутало... Интересен тим гради Ајакс, обично полн со млади играчи како Тејлор, Фиц-Џим ...
Треба да се следат и АЗ Алкмар и Твенте, тоа се тимови кои со сигурност можат да изненадат секого од врвот.