Почнува африканското лудило, сите очи вперени кон Сенегал, Египет и Алжир!

Веќе подолго време постои неизвесност дали воопшто ќе се игра Африканскиот куп на нации оваа зима поради новиот бран на ковид-19 и притисокот на европските клубови да не пуштат играчи во репрезентацијата, но на крајот Африканците го исполнија своето. На 9-ти јануари во Камерун започнува најголемата африканска фудбалска забава!

Речиси сите африкански ѕвезди ќе се најдат на континенталниот шампионат. Од поголемите отсуства треба да се издвои Виктор Осимен од Наполи, кој не успеа да се опорави од повредата, иако се шпекулира дека клубот му забранил да одговори на повикот на нигериската репрезентација. Нема да ги има првите ѕвезди на мароканската репрезентација Хаким Зијеч, кој е во кавга со селекторот Халилхоџиќ. Но сите останати се таму...

Според квалитетот на играчкиот кадар, прв фаворит на натпреварувањето е актуелниот вицешампион Сенегал. Тренерот Али Сиса има одличен тим на располагање. На голот е членот на Челзи, Менди, во одбрана Кулибали од Наполи и Диало од Пари Сен Жермен, во средниот ред се Идриз Геј и Нампализ Менди, а во офанзивната линија се Садио Мане, Исмаил Сар, Папе Сар, Кеита Балде... Ним им треба само некој расен центарфор. Се чини дека се подготвени за најголемиот исчекор и првата титула африкански шампион.

Меѓу главните фаворити се и Египет и Алжир. Со Мохамед Салах во оваа форма, Египќаните можат да му се спротивстават секому. Како и секогаш, срцето на тимот го сочинуваат играчи од домашните клубови Ал Ахли и Замалек, а тимот од клупата го предводи искусниот Карлос Кеирос.

Сите квоти во MOZZART за натпреварите од групната фаза на АКН

Добри шанси да го одбрани тронот има актуелниот шампион Алжир. Првата ѕвезда Ријад Марез е во феноменална форма и повторно ќе биде главниот адут на „пустинските лисици“. Но, има и други добри играчи како дефанзивците Бенсабини од Менхенгладбах и Менди од Виљареал. Посилниот дел од тимот е средината и нападот, каде покрај Марез има уште некои сериозни имиња како Исмаил Бенасер (Милан), Софијан Фегули (Галатасарај), Саид Бенрама (Вест Хем), Ислам Слимани (Лион)...

Нешто послаби шанси за титулата имаат Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и Гана кои немаат толку силни селекции како досега. Гана повторно од клупата ја предводи Милован Рајевац, но нема играчи како досега. Првата ѕвезда е играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти. Нигеријците и без Осимен имаат силен напад со Муса, Денис, Авонџи, Ихеначо, Чуквузе, но проблемот е многу скромната одбрана ...

Што се однесува до популарните „слонови“, тие веќе извисија од Мундијалот, па мора да се искупат на континенталниот шампионат. Нападот со Але, Пепе, Бог и Заха ветува многу, Френк Кејси ќе ја држи средината, но тенката одбрана е сериозен проблем. Камерун е само во кругот на благите фаворити поради домашниот терен. Нескротливите „лавови“ порано беа првата сила во африканскиот фудбал, но денес тоа е прилично скромна репрезентација во која прва ѕвезда е голманот Андре Онана од Ајакс. Но, со поддршка од трибините, може и да се вклучи во борбата за трофејот.

Сите останати се во категоријата подолу, а Мароко, Тунис и Мали се сметаат за потенцијални изненадувања. Комплетни аутсајдери се Коморските острови, Судан, Малави, Мавританија и Екваторијална Гвинеја.