Почнува 28-от шампионат на ПМФЛ, Шкендија брка хет-трик титули

Утре стартува 28-от шампионат на Македонија во фудбал. Двете староседелци и еден дебитант ќе се борат за титулата која ја брани Шкендија. Четири скопски екипи, две од Тетово и само Силекс и Академија Пандев од источниот дел на земјата ќе се натпреваруваат до мај 2020 година со зимска пауза која ќе трае скоро три месеци. Низ историјата Вардар е неприкосновен владетел во ПМФЛ, а само осум екипи ја освојувале титулата. 

Сите шампиони на Македонија: 
1992/93 - Вардар
1993/94 - Вардар
1994/95 - Вардар
1995/96 - Силекс
1996/97 - Силекс
1997/98 - Силекс
1998/99 - Слога Југомагнат
1999/00 - Слога Југомагнат
2000/01 - Слога Југомагнат
2001/02 - Вардар
2002/03 - Вардар
2003/04 - Победа
2004/05 - Работнички Кометал
2005/06 - Работнички Кометал
2006/07 - Победа
2007/08 - Работнички Кометал
2008/09 - Македонија Ѓ.П.
2009/10 - Ренова
2010/11 - Шкендија
2011/12 - Вардар
2012/13 - Вардар
2013/14 - Работнички
2014/15 - Вардар
2015/16 - Вардар
2016/17 - Вардар
2017/18 - Шкендија
2018/19 - Шкендија

Вечна листа:
1. Вардар - десет титули (1992/93, 1993/94, 1994/95, 2001/02, 2002/03, 2011/12, 2012/13, 2014/15, 2015/16, 2016/17)    
2. Работнички- четири титули  (2004/05, 2005/06, 2007/08, 2013/14)    
3. Силекс - три титули (1995/96, 1996/97, 1997/98)    
4. Слога Југомагнат - три титули (1998/99, 1999/00, 2000/01)    
4. Шкендија    - три титули (2010/11, 2017/18, 2018/19)    
6. Победа - две титули (2003/04, 2006/07)    
7. Македонија Ѓорче Петров - една титула (2008/09)
8. Ренова - една титула (2009/10)