Почнува 15-от Голд Куп - првпат во три земји, Мексико главен фаворит

Вечерва во Соединетите Американски Држави, Костарика и Јамајка почнува шампионатот на Средна и Северна Америка, попознат како Голд Куп. Натпреварувањето е 15-то во историјата, а премиерен шампион е селекцијата на САД, која во финалето во 1991 година го совлада Хондурас по изведување на пенали.

Мексико со седум и САД со шест титули се водечки на вечната листа, а од останатите селекција само уште Канада во 2000 година го освоила Голд Купот.

Турнирот ќе се игра на стадионите во Хјустон (два стадиони), Шарлот, Денвер, Филеделфија, Нешвил, Кливленд, Фејникс, Чикаго, Њу Џерси, Минесота и Канзас (САД), Сан Хозе (Костарика) и Кингстон (Јамајка). 

  • Стадиони на кои ќе се игра Голд Купот 2019:

Во финалето во 2017 година, САД ја совладаа Јамајка со 2-1 и ќе го бранат трофејот пак на домашен терен. 

16 селекции се распределени во четири групи, а финалето се игра на 7 јули во Чикаго. Моќниот Мексико на Тата Мартино со ѕвезди како Лозано, Дос Сантос, Гвардадо е апсолутен фаворит. Американците со Брус Арена на клупата се во вертикален пад, а за Костарика нема да настапи искусниот голман Кејлор Навас.

Првиот натпревар во 1:30 часот по полноќ по средноевропско време ќе го одиграат Канада и Мартиник.

  • Состав на групите на Голд Купот: