Почина судијата кој ги сруши расистичките бариери во Премиер лигата

Тажни вести пристигнуваат од Англија. На 65-годишна возраст почина фудбалскиот судија и спортски работник, Јураја Рени, кој влезе во историјата како првиот црномурест арбитар во Премиер лигата. 

Роден е на Јамајка, но животот го мина во градот Шефилд, а беше професионален судија дури 16 години и одработи над 300 натпревари, од кои 175 беа во елитниот англиски ранг. 

„Длабоко сочувствуваме со семејството на Рени. Тој беше и наш претседател, многу ќе ни недостасува. Нашите мисли се со неговите најблиски“, соопшти фудбалскиот сојуз на Шефилд на социјалната мрежа „X". 

На 13 август 1997 година Рени стана првиот судија со темна кожа кој работел во Премиер лигата, а го судеше натпреварот помеѓу Дерби Каунти и Вимблдон. Важеше за човек кој ја сруши таа расистичка бариера и претставуваше вистински модел за општеството.