• Саше Љолес
Поранешниот шведски репрезентативец, Бо Ларсон, почина во 79. година од животот, јавуваат повеќе европски медиуми. Веста за смртта официјално ја соопшти Шведската фудбалска федерација и беше изразено длабоко сочувство за семејството на легендарниот фудбалер.
Ларсон во кариерата настапуваше за Малме и Штутгарт, а во шведскиот клуб стекна статус на вистинска икона и постигна 289 голови на вкупно 546 натпревари. Играше како офанзивен играч за врска, но често знаеше да се „трансформира“ и во класичен напаѓач, а со шведската репрезентација беше учесник на три Светски првенства, во 1970, 1974 и 1978 година.
Се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на шведскиот фудбал, а за својата репрезентација настапи 70 пати и постигна 17 голови.