• Горан Упале

Поранешниот претседател на Порто, Хорхе Нуно Пинто да Коста почина во саботата на 88-годишна возраст.
Хорхе Нуно Пинто да Коста на чело на португалскиот клуб пристигна во 1982 година. Во неговите 42 години на чело, Порто освои 69 титули, вклучувајќи и два трофеи во Лигата на шампионите. Тој се повлече од функцијата во 2024 година.
Пред времето на Пинто, Порто имаше само шеснаесет трофеи во своите витрини.
„Ја загубивме најважната фигура во клупската историја, човекот кој ни ги донесе најголемите победи, личноста која е најзаслужна за градење на идентитетот на клубот. Хорхе Нуно Пинто да Коста ќе живее засекогаш во сеќавањата и срцата на сите навивачи на Порто“, се вели во соопштението на клубот.
Инаку, Пинто да Коста ќе биде запаметан како најтрофејниот и фудбалски претседател во историјата на фудбалот.